Вардар ја најде замената за Поповски!

Сезонава во првиот тим на Вардар шанса да тренираат и да се борат за место на секој натпревар ќе добијат и двајца млади ракометари кои досега настапуваа во Вардар јуниор. Се работи за десното крило Ален Ќосевски и левиот бек Дејан Кукуловски. Ќосевски би требало да ја надополни празнината што остана по заминувањето на Мартин Поповски.

Кукуловски е веќе на подготовките, а Ќосевски ќе се приклучи откако ќе заврши кадетското СП што во август ќе се одржи во Скопје. На тоа СП ќе настапи и голманот Марко Кизиќ кој исто така продолжува со првиот тим на Вардар.

За подготвителниот период со првиот тим ќе тренира и голманот Васко Гогов. Тој ќе биде дел од тимот на Вардар Јуниор сезонава, а сега ќе ги одработи подготовките со првиот тим со оглед на тоа што недостасуваат голмани. Летонецот Артус Кугис во моментов е единствен голман. Калифа Гедбан поради семејни причини ќе пристигне на почетокот на август.