Словенецот кој минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци во редовите на Металург, Александер Шпенде се сели во Загре. Тој во новата сезона ќе го носи дресот на шампионот на Хрватска, а денеска полни 26 години.
Ракометарката од Данска, која настапува за Копенхаген, Амали Толдерлунд, пак, го прославува 19. роденден.
Швеѓанката која настапува за тимот на Савехоф, Ема Екенман Фернис денеска полни 23 години
Магдалена Ечимовиќ која игра за Подравка исто така има роденден. Хрватката ќе наполни 21 година.
Среќен роденден Александер, Амали, Ема и Магдалена!


