Еден од повратниците во македонскиот ракомет е рускиот репрезентативец Павел Атман. Средниот бек две години го носеше дресот на големиот ривал Металург и добро знае каде доаѓа.
Се надева дека повредите се зад него и ќе може да го дава максимумот во дресот на Вардар. Русинот не заборавил македонски јазик.
„Едвај чекам да заиграм за најдобрата екипа во светот. Се надевам повредите ќе ме одминуваат и дека ќе влезам во форма што побрзо“, вели Атман.
Целосната изјава може да ја погледнете во видео прилогот…


