Пивотот кој ја напушти екипата на Барселона, репрезентативецот на Полска, Камил Шипжак денеска го прославува својот 28. роденден.
Роденден има и голманот од Белорусија, Вјачеслав Салдаценка. Тој полни 25 години.
И ракометарот кој пред неколку години реши да паузира, а потоа одеднаш се врати на терените, Ким Екдал Ду Риц ќе прославува. Швеѓанецот кој е дел од ПСЖ денеска ќе наполни 30 години.
И еден помлад Унгарец, кој игра за Веспрем, Борис Дорнеи е на овој список. Тој е точно десет години помлад од Ду Риц.
Среќен роденден Камил, Вјачеслав, Ким и Борис!


