Заврши одморот за Лазаров (ФОТО)

Новиот тренер на Нант, Алберто Ентрериос, кој го замени Тјери Анти, означи старт на подготовките на францускиот тим.

Покрај нашиот Кире Лазаров, на собирот беа присутни сите ракометари, меѓу кои и шесте нови засилувања.

Пивотменот Буриќ, голманот Нилсен, бековите Овничек, Калваканти и Мин, како и крилото Аугустинсен му се ставија на располагање на Ентрериос.

Нант ќе одигра неколку пријателски турнири во Германија и Франција во претсезоната, од кои најсилна конкуренција ќе има на „Евро турнир“ во Стразбур.