Среќен роденден!

Интернационалецот од Словенија кој е колега на Дејан Манасков во редовите на Веспрем, Драган Гајиќ денеска слави роденден, а полни 35 години.

Тука е и помалиот брат на Жоан Канељас, Марк Рексач. Тој денеска ќе го прослави 24. роденден. Шпанецот минатата сезона ја мина во редовите на Кристијаштад.

Еден од подобрите Италијанци, кој настапува во редовите на Адемар, Федерико Матијас Виера полни 31 година.

Денеска роденден има и еден играч кој беше на списокот на желби на Вардар, Дан Емил Ракоцеа. Романецот го прославува 24. роденден.

Среќен роденден Драган, Марк, Федерико и Дан!