Родриго Коралес си оди од ПСЖ, Раул веќе ја најде неговата замена

Чуварот на голот на ПСЖ и на репрезенрацијата на Шпанија, Родриго Коралес ќе го напушти тимот на крајот од нарендата сезона. Тој пристигна во 2017 година од Висла Плоцк и две сезони ја делеше минутажата на голот на ПСЖ со Тиери Омејер.

Коралес има договор за уште една сезона, а од клубот му соопштиле дека по истекот на договорот нема да сметаат на неговите услуги и договорот кој важи до 30 јуни 2020 година нема да му биде продолжен.

ПСЖ веднаш  ја најде замената за Коралес од наредната сезона и тоа во ривал од домашното првенство. Негов наследник ќе биде сегашниот голман на Шамбери, Јан Жанти. Договорот со 27-годишниот голман е потпишан на две години. Жанти додека настапува во Шамбери два пати беше прогласен за најдобар голман во француското првенство, во 2015 и 2019.

„Денеска ми се оствари сонот. Почнав да играм ракомет во Париз и ова е посебно чувство да се вратам дома и да бидам дел од толку голем клуб. Многу сум горд на тоа“, рече Жанти по потпишувањето на договорот.

Со овој трансфер ПСЖ на голот ќе има француски пар откако за претстојната сезона пристига Венсан Жерар.