По објавувањето на трансферот на десното крило Феран Соле, кој за една година би требало да го замени искусниот Лук Абало, францускиот шампион ПСЖ објави нов трансфер.
Станува збор за левиот бек Матје Гребиј, кој може да покрие и на левата крилна позиција, а настапува за поранешниот европски првак Монпелје.
Во последните неколку сезони Гребиј беше почесто надвор отколку на теренот поради повреди, но се чини дека Раул и раководството на ПСЖ се убедени дека за година дена ќе биде во посакуваната форма.
Тој потпиша договор на три години, кој стапува на сила во 2020 година, кога треба да дојдат и Соле, Кристопанс и Пранди.


