Ракометарот кој во 2017 година беше дел од репрезентацијата која на Светското првенство во Алжир го освои 6. место во конкуренција на младинци, Иван Џонов денеска има роденден. Тој игра во екипата на Пролет, а денеска ќе наполни 22 години.
И голманката на Металург и младинската репрезентација на Македонија, Амра Илјаз е меѓу славеничките. Амра денеска го слави својот 19. роденден. Очекувањата се тоа да се случи со победа против Грузија за да има причина за двојно славење.
Швеѓанецот кој игра за Флензбург, Симон Јепсон исто така е меѓу славениците. Тој ќе наполни 24 години.
Денеска 20 години полни Виктор Пелеченко. Иако по презимето се претпоставува дека се работи за ракометар од Русија, сепак, станува збор за ракометар роден во Бордо во Франција, а тој е клупски колега на Кирил Лазаров во Нант.
Норвежаната Ли Јорум Суланд, која го носи дресот на Кристијансанд го затвора списокот на славеници. Таа е највозрасна на денешниот список. Полни 35 години.
Среќен роденден Игор, Амра, Симон, Виктор и Ли!


