Лазаров ја отвара сезоната на домашен терен, дербито меѓу Нант и ПСЖ веќе во второ коло

Ракометната федерација на Франција го објави распоредот за сезоната 2019/20, а првото коло ќе има малку возбудувања. Екипата на Нант која минатата сезона ја заврши на 4. место во првенството на Франција, новата сезона ќе ја почне на домашен терен. Во првото коло Лазаров и Нант ќе го пречекаат составот на Данкерк.

Нант ќе има доста тежок распоред на почетокот од сезоната. Веќе во 2. коло гостува во Париз кај шампионот ПСЖ. Во 3, коло повторно на домашен терен ќе се сретне до незгодната екипа на Ст. Рафаел.

На стартот дерби се игра во Монпелје, каде што вицешампионот на Франција го пречекува Шамбери, состав кој лани ги изненади фаворитите и се смести во првата четворка.

ФРАНЦИЈА, 1. КОЛО

Нант – Данкерк

Монпелје – Шамбери

Шарт – Истрес

Сент Рафаел – Иври

Екс ан Прованс – Ним

Кретеј – ПСЖ

Трембле – Тулуз

Шампионатот на Франција е најсилен во Европа по коефициентот на ЕХФ што се должи на добрите резултати во европските натпреварувања особено во сезоната 2017/18 кога три француски екипи играа на завршниот турнир во Келн.