Пивотот кој минатата сезона беше еден од подобрите ракометари во Струга и редовно меѓу оние кои покажуваа најмногу во секое коло, Александар Тренчевски денеска има роденден. Тој денеска полни 29 години.
Роденден има и голманот Никола Кизиќ, кој минатата сезона ја почна во редовите на Струга, но потоа не играше никаде. Тој денеска ќе го прослави својот 23. роденден.
Меѓу славениците е и колегата на Дејан Манасков од Веспрем, Мирсад Терзиќ од БиХ. Тој е еден од поискусните во тимот, а денеска полни 36 години.
И Исланѓанецот кој игра за Елверум, Траин Јонсон е меѓу славениците, а денеска го има својот 26. роденден.
Среќен роденден Александар, Никола, Мирсад и Траин!


