Среќен роденден Лука!

Ракометарот кој остави голема трага со настапите во дресот на Вардар, Лука Циндриќ во новата сезона ќе игра во дресот на Барселона. Тој пред да дојде во Вардар одлични настапи имаше и во Металург, а последната сезона ја мина во редовите на Келце. Лука денеска полни 26 години.

Роденден има и ракометарката на Куманово, Ивана Дичковиќ. Таа денеска ќе наполни 21 година.

Генадиј Комок, Украинецот кој го носи дресот на Мотор Запорожје, пак, го прославува својот 32. роденден.

Ветеранот од Чешка, кој настапуваше за Татран Прешов, Алекандар Радченко, пак, полни 46 години.

И Унгарката Сидонја Пухалак, која е дел од екипата на Ѓер е меѓу славеничките. Таа денеска ќе наполни 23 години.

Исто така 23 години полни и Дијана Укјиќ. Се работи за ракометарка од Црно Гора која игра за Будуќност.

Среќен роденден Лука, Ивана, Генадиј, Александар, Сидонија и Дијана!