Вистинска реткост во модерниот ракомет е мајка и ќерка да играат во ист тим. Уште поневообичаено е тоа што играат на високо ниво и освојуваат титули. Се работи за ракометарките на шампионот на Белорусија, Гомел, 38-годишната Ирина Дронава и нејзината ќерќа 17-годишната Кацијарина Дронава.
Ирина настапува на лево крило и скоро целата своја кариера ја има поминато во Гомел со што веќе е легенда на клубот. Таа исто така долго беше и член на репрезентацијата на Белорусија.
Кацијарина ги прави првите чекори во сениорската конкуренција и не настапува редовно, но талентот е неоспорен а има и од кого да учи, од нејзината мајка.
„Секако се обидувам да бидам пример за мојата ќерка. Таа секогаш е со мене, ме гледаше како играм во минатото исто така и како играм сега. Секогаш работам со 100 проценти на тренинзите и велам на Кацијарина да го прави истото. Понекогаш и се обраќам со повисок глас, но никогаш не се караме“, рече Ирина Дронава.
Во шампионатот на Белорусија нема плеј-оф, а шампионот се одлучува во регуларниот дел. Гомел заврши на првото место со четири бода повеќе од најблискиот ривал БНТУ кој претходната година им ја одзема титулата, и на тој начин стана шампион.


