Еден од Французите кои го носат дресот на Барселона денеска слави роденден. Се работи за Јанис Лене, кој ќе наполни 23 години.
Роденден има и Дамир Бичаниќ. Хрватот кој настапува во екипата на ППД Загреб денеска го слави својот 34. роденден.
И добро познатата Швеѓанка Изабеле Гулден, која игра за Ѓер е меѓу денешните славеници. Таа го прославува 30. роденден.
Французинката Мануела Дос Рејс која игра за Мец е точно десет години помала. Денеска ќе наполни 20 години.
Ана Турк, пак, е врсничка на Гулден. Хрватката од Подравка денеска полни 30 години.
Среќен роденден Јанис, ДАмир, Изабеле, Мануела и Ана.


