Норвешката ракометарка Аманда Куртовиќ по две години помината во ЧСМ Букурешт по крајот на сезоната го напушти клубот и се пресели во Ѓер. Таа беше две години член на романскиот проект кој не постигна особени резултати.
Претходната сезона Куртовиќ и Неагу имаа проблеми со повреди што беше една од причините за слабите резултати. Откако не се пласираа на фајнал-форот ги стигна и финансиска криза. Норвежанката, ЧСМ го гледа како многу непрофесионален клуб.
„ЧСМ ми должи три плати. Тоа е апсолутно непрофесионално. Се надевам дека ќе бидеме исплатени сите до први јули кога истекуваат договорите. Ова што го прават од клубот е навистина срамно. Се надевам дека ќе го добиеме она што е наше“, вели Куртовиќ.
Ова е уште една потврда за кризата која го зафати ЧСМ Букурешт иако беше најавуван како голем проект. Веројатно заатоа што изостанаа резултатите и финансиите во клубот се намалија.


