Среќен роденден Петар!

Ракометарот кој секако заслужи големи аплаузи кога на прес-конференцијата после финалето застана зад Стоилов со својот коментар односно јасно и гласно го изговори името на нашата држава, Македонија, Петар Ненадиќ денеска слави роденден. Ненадиќ полни 33 години.

Роденден има и Романецот Михаи Лаурентиу Тома. Ракометарот кој во последнат сезона го носеше дресот на Констанца го слави својот 38. роденден.

Колегата на Лазаров од тимот на Нант, Французинот Оливие Њокас, полни 33 години.

Холанѓанката која настапуваше за Битигхајм, Лаура ван дер Хејден денеска го прославува својот својот 29. роденден.

Швеѓанката од редовите на Савехоф, Јоана Линдвал-Хагрен, пак, денеска полни 25 години.