Репрезентативката на Македонија, која последната сезона беше дел од тимот на Турингер, а ќе биде и во следната, Јована Саздовска денеска има роденден. Левото крило на Турингер, а претходно и на Металург и на Вардар денеска ќе наполни 26 години.
Роденден има и една ракометарка на Металург, а се работи за Теодора Кркачева. Таа полни 19 години.
Полјакот Михал Дачек, кој настапува во редовите на Висла Плоцк е исто така на листата на славеници. Тој денеска полни 27 години.
И Французинката Жули Ле Блевек која игра за Мец е на овој список, а таа денеска го прославува својот 19. роденден.
Среќен роденден Јована, Теодора, Михал и Жули!


