Лига на шампиони: Ѓорѓиевска и Подравка добија тешка група, лесен ќе биде патот на шампионот Ѓер

Пред извлекувањето на групите во машката Лига на шампиони, во Виена беше извршена ждрепката за елитното натпреварување во женска конкуренција.

Македонија втора година по ред нема претставник во женската ЛШ, па сите очи на нашата јавност ќе бидат вперени кон тимот на Подравка, каде што ќе игра капитенот на националниот тим, Елена Ѓорѓиевска.

Хрватскиот тим доби тешка група и ќе игра со францускиот Мец, норвешкиот Кристијансанд и унгарскиот Ференцварош.

Група А: Мец, Кристијансанд, Подравка, Ференцварош
Група Б: Ростов, Есбјерг, Лублин, ЧСМ Букурешт
Група Ц: Валчеа, Будуќност, Битигхајм, Брест Бретањ
Група Д: Ѓер, Крим, Савехоф, квалификант

квалификациски турнир: Рокаса, Кастамону, Бањик Мост, Јагодина