Останаа малку ергени во репрезентацијата: Маркоски и Димитриевски стапнаа на лудиот камен (ФОТО)

Се чини дека овој викенд беше резервиран за ракометни веселби и свадби.

Откако вчера ракометарот на Синфин Сантандер, Дарко Димитриевски, ја озакони врската со долгогодишната девојка Виолета Крлевска, а Филип Кузмановски ја побара Моника Игнова за сопруга, денеска уште две веселби беа на распоред.

Филип Талески, кој повеќе од година дена е во граѓански брак со Ема Талеска, денеска правеше свадба, а судбоносното „ДА“ го изговори и нашиот репрезентативец Велко Маркоски. Останаа уште малку ергени во националниот тим, затоа девојки побрзајте…