Го „преселија“ во Вардар, а тој се врати дома

Францускиот пивот Игор Аниќ, кој со репрезентацијата ги освои Европското првенство 2014 и Светското во 2015 година, од следната сезона ќе игра во дресот на Сесон Рен, каде што веќе има настапувано претходно во кариерата.

Тој во Рен пристигнува од Целје каде што играше од 2017. Иако некои медиуми го поврзуваа со доаѓање во европскиот шампион Вардар, сепак нема да има ништо од тоа.

Договорот кој Аниќ  го потпиша со францускиот тим е со важност од две години. 32-годишниот играч ќе се обиде да придонесе за враќање на новиот клуб во најквалитетната лига во Франција. Рен минатата сезона бележеше многу слаби резултати и не успеа да обезбеди опстанок во елитата

Во минатото искусниот пивот има играно во многу квалитетни клубови. Тука се Монпелје, Кил, Гумерсбах, Сесон Рен, Нант и Целје.  Во репрезентацијата на Франција има запишано 24 настапи.