Три млади ракометарки од Македонија денеска слават роденден и сите стануваат полнолетни. Една од нив настапува за Вардар и го брани голот, а другите две се од Пелистер.
За Вардар настапува Андреа Илиќ, додека во редовите на Пелистер настапуваат Фросина Апостоловска и Аријана Раиф.
Покрај нив, 23 години денеска полни некогашниот член на Вардар Јуниор, кој потоа играше и за Охрид и за Струга – Стефан Трпчевски.
Роденден има и Аријан Јовиќ од редовите на Загреб. Ракометарот од Хрватска денеска полни 25 години.
Швајцарецот од Вакер Тун, Флавио Вик, пак, е една година повозрасен. Тој го прославува својот 26. роденден.
Романката Клаудија Костантинеску која игра за тимот на ЧСМ Букурешт, пак, ќе наполни 27 години.
Роденден има и Сузана Томори. Унгарката која е дел од Ѓер е највозрасна во денешната конкуренција, а ќе наполни 32 години.
Среќен роденден Андреа, Фросина, Аријана, Аријан, Флавио, Клаудија и Сузана!


