Ракометарот на Пелистер, кој беше еден од носителите на играта во битолскиот тим оваа сезона – Борјан Маџовски, не е повеќе ерген.
Тој реши да му стави крај на ергенскиот живот откако ја побара за жена неговата долгодишна девојка, ракометарката Симона Стојковска.
Двајцата ја споделија радосната вест на социјалните мрежи.



