Генсхајмер „избега“ порано од Париз, не го одигра последниот натпревар за ПСЖ (ФОТО)

Вчера се одигра последното коло од францускиот шампионат, во кое не се решаваа никакви дилеми бидејќи од претходно беше познато дека ПСЖ ќе биде шампион.

Тимот предводен од Раул Гонзалес немаше проблеми да забележи нова победа над Сесон Рен со 29-20, а домашниот тим не сметаше на услугите на левото крило Уве Генсхајмер.

Капитенот на германската репрезентација веќе се врати во Рајн Некар порано од предвиденото и веќе започна да го уредува својот стан во Манхајм.