Среќен роденден Марко и Мирко!

Денеска е ден за прослава на родендени на еден македонски репрезентативец и на уште еден ракометар кој веќе долго игра во Македонија.

Марко Нелоски, кој сезонава ја лечи повредата на коленото денеска полни 23 години.

Нешто повозрасен е интернационалецот од Црна Гора кој настапува за Бутел Скопје, Мирко Мајиќ. Тој полни 30 години.

Германката Ан Кинаст која игра за тимот на Битигхајм, пак, денеска станува полнолетна.

Исто така денеска полнолетна станува и Норвежанката Мари Хансен. Таа игра за тимот на ларвик.

Среќен роденден Марко, Мирко, Ан и Мари!