Среќен роденден Драган!

Еден од ракометарите кои оставија голема трага во првенството на Македонија во минатото, а особено во тимот на Повардарие, Драган Сукара денеска слави роденден. Тој веќе се занимава со тренерска работа, а денеска полни 51 година.

Роденден има и Антон Персон од Шведска. Ракометарот на Кристијанштад полни 21 година.

И Норвежанецот Кент Робин Тонесен е меѓу славениците. Тој ќе наполни 28 години, но не успеа да го прослави со титула со оглед на тоа што со Веспрем загуби од Вардар пред три дена во финалето во Келн.

Финецот кој игра за Рихимаен Кокс, Андре Уд, пак, полни 33 години.

Среќен роденден Драган, Антон, Кент и Андре!