Пејачката Тамара Тодевска, која оваа година ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија, исто така им посвети статус на вардарци и напиша дека е горда на нив.
Таа со песната „Proud“ во Тел Авив го оствари најдобриот пласман за нашата држава на ова натпреварување, а Вардар е пред повторување на најголемиот успех, односно освојување на титулата.
За тоа ќе им биде потребна уште една победа денеска над Веспрем.
#PROUD pic.twitter.com/GB5JmFUgTk
— Tamara Todevska (@TamaraTodevska) June 1, 2019


