Во својот трет настап на Ф4 турнирот во Келн, Вардар по вторпат ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите.
Во полуфиналето вардарци го победија големиот ривал Барселона со 29-27 (9-16). Во утрешното финале од 18:00 часот македонскиот тим ќе игра против Веспрем.
На трибини во „Ланксес Арена“ , Вардар имаше многу поддржувачи меѓу кои беше и поранешниот министер за надворешни работи на Македонија – Никола Поповски.

