Среќен роденден Маја!

Екс-ракометаркат на Вардар, која сезонава не беше дел од ниту еден тим после заминувањето од Ардесен, Маја Трпковска денеска слави роденден. Таа денеска полни 27 години.

Роденден има и русинот Игор Сорока. Ракометарот на Мотор Запорожје денеска го прославува 28. роденден.

Норвежанката која игра за Ларвик, Нора Хојесен Јоргенсен, пак, ќе има прослава за својот 19. роденден.

Французинката од редовите на Брест, Гаел Ла Хир, пак, денеска полни 29 години.

Среќен роденден Маја, Игор, Нора и Гаел!