Репрезентативецот на Македонија кој го носи дресот на Еурофарм Работник, Никола Маркоски е ракометарот кој го предводи денешниот список на славеници на роденден. Играчот кој повеќе од една деценија е дел од сениорската репрезентација денеска полни 29 години.
Поранешниот голман на Пелистер, кој беше дел и од репрезентацијата на Македонија, Игор Тосковски исто така има роденден, а денеска полни 40 години. Инаку, во моментов настапува во Германија.
Роденден има и репрезентативецот на Франција кој го носи дресот на Веспрем, Кентин Мае. Тој денеска ќе наполни 28 години.
Норвежанецот Кристијан Краг Орстед, кој е играч на Елверум, пак, е постар од нив. Тој го слави својот 34 роденден.
И кај дамите има три преставнички. Швеѓанката Јохана Ејнарсон, која е ракометарка на Савехоф денеска станува полнолетна.
Холанѓанката Даник Снелдер, која игра за тимот на ФТЦ Раил Карго исто како и Маркоски денеска полни 28 години.
Ракометарката од Данска, која игра за Копенхаген, Андреа Улрика Хансен го слави својот 19. роденден.
Среќен роденден Никола, Игор, Кентин, Кристијан, Јохана, Даник и Андреа!


