Ништо ново: Гримсбо е МВП на завршниот турнир во Лигата на шампионите

Европскиот шампион Ѓер ја одбрани титулата во Лигата на шампионите и третпат по ред го запоседна европскиот трон.

Практично на домашен терен, Ѓер успеа да се одбрани од нападите на Ростов Дон и славеше минимално со 25-24, иако во финишот мораше да трепери за победата.

За најкорисна ракометарка на завршниот турнир беше прогласена голманката на Ѓер, Кари Гримсбо, која во финалниот меч имаше серија одбрани со кои го откажа Ростов.

Најдобар стрелец оваа сезона е норвешката репрезентативка Лин Јорум Суланд, која во дресот на Кристијансанд постигна 89 глови, девет повеќе од Радичевиќ и Хафра, кои имаа по 80 погодоци.