Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Ѓер и Ростов (ЛИНК)

Денеска со почеток во 18:00 часот ќе се одигра големото финале во женската Лига на шампиони меѓу рускиот тим Ростов и унгарскиот Ѓер.

Ростов имаше потешка задача во полуфиналето против незгодниот состав на Мец и мораше да се помачи за да дојде до победа, додека Ѓер покрај тоа што имаше повеќе време за одмор, имаше и лесен натпревар против норвешкиот Кристијансанд.

Овој интересен натпревар можете да го гледате на Арена Спорт 1 на следниот ЛИНК.