Пивотот од Прилеп, кој сезоната ја почна во редовите на тимот од овој град, а ја продолжи во Работнички, Пеце Георгиески го предводи денешниот подолг список на славеници на родендени. Ракометарот кој во 2007 година беше дел од младинската репрезентација на Мундијалот во Македонија денеска полни 33 години.
Роденден има и репрезентативецот на Србија, кој пред три месеци потпиша за Барселона. Се работи за левото крило Немања Илиќ, а тој ќе наполни 29 години.
Роднден има и Дани Бајенс од Холандија. Тој е играч на Флензбург, а денеска го слави својот 21. роденден.
И Русинот Виктор Киреев, кој е клупски колега на Жарко Пешевски во тимот на Мотор има роденден, а полни 32 години.
Французинот Адама Кеита, кој е дел од составот на ПСЖ се наоѓа на списокот на славеници. Тој го прославува 22. роденден.
Црногорката Ѓурѓина Маловиќ, која настапува за ФТЦ Раил Карго полни 23 години.
Швеѓанката во дресот на Ларвик, Јасмине Глук ќе наполни 22 години.
Среќен роденден Пеце, Немања, Дани, Виктор, Адама, Ѓурѓина и Јасмине!


