Откако вчера Давид Дејвис успеа да дојде до пласман на Ф4 турнирот во тимот на Веспрем и стана првиот кој водел женски и машки тим на завршниот турнир во Лигата на шампионите, денеска и Роберто Парондо го запиша своето име во историјата на ракометот.
Во две години тренерот на Вардар, Роберто Парондо успеа да стигне до нешто кое не му успеало на никого. Тој со женски и машки состав од ист клуб во две години ќе забележи настап на завршниот турнир и ќе има можност да се бори за трофејот.
Лани Парондо како дел од стручниот штаб со Ирина Дибирова го водеше женскиот тим и за малку не успеа да дојде до трофејот. Играше во финалето со Ѓер, а Вардар загуби после продолженијата со 26:27.
Годинава може да надомести. Во својата прва сезона како тренер на вардарци, со тим кој имаше неколку нови имиња и голмани дебитанти во Лигата на шампионите успеа да направи неверојатна сезона, па стигна до бројки какви што некој може само да посакува. Стигна до Ф4 турнирот во Келн и тој е првиот тренер кој во две сезони по ред доаѓа до завршен турнир со женски и машки состав, и веројатно долго ќе остане запишан како тренер кој го направил тоа со ист клуб.
Пародно дефинитивно покажа дека се работи за стратег пред кого е голема иднина и кој ќе има што да покаже на терените во иднина.
Минатата година трофејот му избега за малку, годинава ќе има можност за поправен во пеколен турнир со уште три исклучителни силни екипи.


