Филип Лазаров по вторпат стана татко (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец и сегашен член на германскиот Ратинген, Филип Лазаров, пред четири дена стана татко по вторпат.

Неговата сопруга Билјана на Велигден се породи во Дизелдорф, Германија и на свет го донесе  Марко, а среќната вест Лазаров ја сподели на Фејсбук.

„Фала ти Господе што на овој ден, на најголемиот христијански празник Велигден го збогати нашето семејство со уште еден член. Силен на тато, убав на мама и бато. Добро ни дојде Марко“, напиша Лазаров.