Среќен роденден Амандин Лејно!

Ракометарката која остави длабока трага во дресот на Вардар, а сега го чува голот на екипата на Ѓер, Амандин Лејно е меѓу славеничките на роденден денеска. Таа ќе наполни 33 години.

Роденден има и уште една поранешна ракометарка на Вардар. Се работи за Алисон Пино. Таа порано го напушти Вардар, а во моментов го носи дресот на Брест. Пино денеска полни 30 години.

Голманот на Охрид, Филип Ивановски, пак, денеска ќе го прослави својот 25 роденден.

Среќен роденден Амандин, Алисон и Филип!