Поранешната репрезентативка и една од ракометарките со најдолг стаж во Вардар, Олгица Миленковска слави роденден. Таа долго го носеше дресот на „црвено-црните“ и настапуваше на позицијата десно крило (тогаш под презимето Тодоровска). Воедно играше и за репрезентацијата. Таа повеќе една деценија е надвор од ракометните терени, а денеска полни 45 години.
Роденден денеска слави и Иранецот кој настапува за Динамо Букурешт, Мусави Галемирз. Тој полни 29 години.
Данецот Јакоб Овергард кој игра за Бјерингбро, пак, денеска ќе го прослави својот 19. роденден.
И Полјакот од Висла Плоцк, Александар Олковски ќе слави, а тој денеска полни 21 година.
Среќен роденден Олгица, Мусави, Јакоб и Александар!


