Поранешниот репрезентативец на Македонија, но и ракометар кој беше дел и од младинските селекции, Лазо Мајнов денеска слави роденден. Тој денеска полни 39 години. Десниот бек минатата година беше дел од тимот на Ал Наср од Дубаи откако претходно настапуваше за Еурофарм Работник. Инаку, во кариерата има играно за повеќе тимови меѓу кои и Вардар и Металург.
Роден слави и ракометарот на Кристијанштад, Валтер Хринц, Тој е еден од подобрите млади ракометари кои играа во Лигата на шампионите. Денеска полни 19 години.
Норвежанецот Горан Јохансен, кој го носи дресот на тимот на Флензбург, денеска ќе го прослави својот 25. роденден.
Ракометарот од Данска, кој е член на Бјерингбро, Клаус Линдсби Томсен е веќе искусен играч, а денеска ќе наполни 33 години.
Доминик Вис од Швајцарија и тимот на Вакер Тун, пак, ќе го прослави 19. роденден.
И Германата Емили Болк, која е соиграчка на Јована Саздовска во Турингер има роденден, а го слави својот 21 роденден.
Среќен роденден Лазо, Валтер, Горан, Клаус, Доминик и Емили!


