Среќен роденден Славиша!

Ракометарот на Охрид, Славиша Димитријески е денешниот славеник од ракометарите на домашна сцена. Организаторот на играта на охриѓани кој во минатите години настапуваше во повеќе екипи низ Македонија денеска полни 34 години.

Роденден слави и Русинот кој настапува за тимот на Чеховски медведи, Алексај Стелмах. Тој ќе наполни 21 година.

И Игор Чуприна од Украина, кој игра за тимот на Татран прешов е меѓу славениците. Тој денеска ќе го прослави својот 29. роденден.

Среќен роденден Славиша, Алексеј и Игор!