Среќен роденден!

Исто како вчера и денеска списокот на славенци е со ракометари и ракометарки кои доаѓаат од другите земји.

Денеска 35 години ќе наполни пивотот на репрезентацијата на Турција и на тимот на Бешикташ, Толга Озбахар.

Русинот од Чеховски медведи, Максим Шкурински, пак, денеска полни 27 години.

Нора Лундел, која е дел од тимот на Савехоф исто така има роденден. Швеѓанката денеска полни 19 години.

Ракометарката од Словачка која го носи дресот на Подравка, Марија Холесова ќе го прослави својот 26 роденден.

И Хрватката која е дел од тимот на Будуќност, Матеа Плетикосиќ е меѓу славеничките, а таа ќе наполни 21 година.

Среќен роденден Толга, Максим, Нора, Марија и Матеа!