Среќен роденден Никола!

Тренерот на екипата на Пролет и член на стручниот штаб на Данило Брестовац во сите репрезентациите, каде што му е прв асистент, Никола Матлиески слави роденден. Тој денеска полни 34 години. Се работи за најмладиот тренер со Мастер лиценца кој во моментов со кадетската селекција е на турнир во Бугојно.

Покрај Матлиески роденден имаат и уште двајца ракометари на Пролет.

Десниот бек Доне Мајнов денеска ќе наполни 27 години. Покрај него роденден има и Бојан Манев, кој полни 21 година.

Роденден има и помладиот од браќата Карабатиќ. Репрезентативецот на Франција и пивот на ПСЖ, Лука денеска ќе наполни 31 година.

Среќен роденден Никола, Доне, Бојан и Лука!