Рускиот првак Ростов Дон е многу блиску до пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако триумфираше на гости кај Ференцварош со 26-29 во првиот четвртфинален натпревар.
Сега бекот на рускиот тим, Ана Сењ, вели дека гостувањето во Унгарија било непријатно за нив.
„Јас знаев дека така ќе биде. Веќе сум се сретнала со таков вид на поддршка кога играв за Ѓер. Навивачите на Ференцварош се познати по тоа. Мене не ми е јасно, како може некој да навива, кога во салата се слуша химната на Лигата на шампиони и кога ги претставуаат играчите на противничката екипа. Тоа е неверојатно непочитување кон организаторите на таков настан и кон гостинскиот тим. Сметам дека Ференцварош треба да биде казнет за тоа. Нека играат без навивачи и нека платат казна. Од трибината блиску до голманката Ана Седојкина на теренот летаа монети и мастики“, резигнирана е Сењ.
Корпулентниот бек кој своевремено настапуваше во Ѓер, веќе има искуство со навивачите на Ференцварош.
„Тоа не се ракометни, туку фудбалски фанатици. За нив главни се провокации и омаловажување. Ги навредуваа Русите. На спортските арени во Унгарија алкохоот е дозволен. Јас сметам дека тоа е лоша работа. Добро е барем што не летаа по нас чаши со пиво кон теренот, а во тоа ни помогна заштитната мрежа. По победата, ние го почнавме нашиот победнички танц. како што вообичаено правиме по секоја победа. Манагарова направи неколку гестови кон тие навивачи на трибините и ние ја поддржавме. Ростов победи и нашиот победнички танц беше одмазда за лошите навивачи“, заврши Сењ.
За Ростов останува да го одигра реванш натпреварот против Ференцварош, но добра залиха од првиот дуел гарантира место на Ф4 во Лигата на шампионите.


