Еден од малкуте македонски тренери кои градат успешна кариера во странство е Марјан Колев, кој три години е дел од францускиот тим Ница.
Некогашниот ракометар на Вардар и Тиквеш, го предводеше овој состав до третото место минатата година, а оваа сезона обезбеди четвртфинале во шампионатот и полуфинале во Купот.
Колев го продолжи договорот со Ница, па сега помирно ќе може да го подготвува тимот за разигрување за титулата и дуелите со Флери Луар.
Од екипата на Ница си заминуваат Линеа Торстенстон и Кармен Мартин, кои се враќаат во ЧСМ Букурешт, а доаѓаат неколку домашни засилувања.


