Голем успех за македонскиот тренер: Колев ја однесе Ница во полуфиналето на францускиот Куп

Тимот на Ница, предводен од македонскиот стратег Марјан Колев оствари одличен резултат во четвртфиналето на Купот на Франција. Ница славеше потешко од очекувањата над составот на Дижон по изведување на пеналите, откако регуларниот дел заврши 22-22.

Но по ударите од седум метри, гостинските ракометарки на Ница, погодија пет пати, за разлика од домаќинките кои дадоа три гола, па со победата од 25-27 обезбедија место меѓу четирите најдобри заедно со Брест, Мец и Сел сир мер.

Стела Сен Маур, кој беше единствен второлигаш во четвртфиналето загуби дома од фаворизираниот тим Брест Бретањ со 29-35, а македонската репрезентативка Ивана Гакидова даде два гола за поразениот состав.