Среќен роденден Елена Ѓеорѓиевска, Иван Чупиќ…

Две големи ѕвезди на ракометот како во Македонија така и низ Европа денеска слават роденден.

Капитенот на женската репрезентација на Македонија, Елена Ѓеорѓиевска, која е дел од националниот тим веќе 15 години денеска полни 29 години. Таа настапува во првенството на Романија, а на последните средби со Црна Гора покажа дека е во одлична форма.

Роденден слави и ракометарот на Вардар од Хрватска, Иван Чупиќ. Тој денеска полни 33 години. Чупиќ не е веќе дел од репрезентацијата на Хрватска, а го постигна клучниот гол во 2017 година за титулата на Вардар во Келн.

И ракометарката на Металург, Ангела Кукунешевска денеска е меѓу славеничките. Таа полни 20 години.

Роденден слави и една ракометарка на Вардар. Стефанија Ѓорѓиевска денеска го слави својот 16. роденден.

На списокот на славенички е и Лаура Портес од Франција која настапува за Мец. Таа полни 19 години.

Среќен роденден Елена, Иван, Ангела, Стефанија и Лаура!