Екипата на ЧСМ Букурешт, официјално по крајот на оваа сезона ќе остане без искусната 38-годишна голманка, Паола Унгуреану. Таа ќе го напушти романскиот првак после три сезони, а нејзината нова дестинација е се уште непозната.
Истата информација ја потврди Унгуреану за романските медиуми.
„Ова е извонредна фаза од мојата кариера, нешто на што сум многу горда. Одлучив дека е време за промена. Букурешт засекогаш ќе ми остане во срцето и сакам да им се заблагодарам на сите луѓе со кои што работев овде. Исто така сакам да им се заблагодарам на фановите бидејќи секогаш ме поддржуваа и ми даваа позитивна енергија кога беше најпотребно“, изјави една од најдобрите голманки во историјата на романскиот женски ракомет.
Замена за Унгуреану ќе биде 24-годишната голманка на Шиофок, Дениса Деду. Таа стави потпис на договор со ЧСМ Букурешт уште пред да се официјализира заминувањето на Унгуреану.


