Поранешниот репрезентативец на Македонија и член на селекциите кои ги донесоа најголемите успеси, Владимир Темелков е еден од славениците денеска. Тој игра во Луксембург, каде што е веќе неколку сезони, а денеска полни 39 години.
Покрај него роденден слави уште еден ракометар кој го носел дресот на Македонија, но и кој е уште на списокот на ракометари кои би можеле да настапат доколку е потребно. Станува збор за Немања Прибак, кој денеска ќе наполни 35 години.
Младиот ракометар на Охрид, Мартин Иваноски, пак, денеска ќе го прослави своето полнолетство. Инаку, се работи за играч кој е на списокот на кадетски репрезентативци.
Норвежанецот Александер Оерјевик Вестби, кој настапува за тимот на Елверум е исто така меѓу славениците. Тој полни 26 години.
Ракометарката од Данска, која настапува за Одензе, Катрине Хејндал, пак, денеска го слави својот 27 роденден.
Има уште една ракометарка, а станува збор за Србинката Јелена Ѓурасиновиќ. Таа е дел од екипата на Јагодина. Денеска полни 21 година.
Среќен роденден Владимир, Немања, Мартин, Александер, Катрине и Јелена!


