Среќен роденден Александра!

Уште една репрезентативка на Македонија денеска слави роденден. Ракометарката на Куманово, која игра на позицијата среден бек, Александра Боризовска денеска ќе наполни 24 години. Оваа недела почна со прослава не роденден така што денеска колешките можат да и помогнат со триумф против Црна Гора да го прослави својот роденден.

Роденден слави и Французинот Жан Лоп Фаустин, кој игра за екипата на Монпелје. Тој исто како и Александра полни 24 години.

Словенецот Ник Чировиќ, кој го носи дресот на Целје, пак, денеска ќе наполни 17 години.

Искусен голман, кој сезонава беше на списокот на Татран Прешов ќе наполни 48 години. Станува збор за Словакот Марош Колпак.

Сузане Нина Бакхој која игра за Одензе исто така има ден за прослава. Ракометарката од Данска денеска полни 23 години.

Среќен роденден Александра, Жан, Ник, Марош и Сузане!