Францускиот олимписки шампион Флорен Манаду се враќа на пливањето по две ипол години „лутање“ во ракометот.
„Сега повторно имам желба да тренирам и да се натпреварувам“, изјави Манаду за француските медиуми.
Французинот освои златен медал на 50 метри слободно на Олимписките игри во Лондон и после двете сребра во Рио 2016 одлучи да ја прекине пливачката кариера и да почне да тренира ракомет. Манаду тренираше со вториот тим на Екс ан Прованс во француското првенство.
Освен што се занимаваше со ракомет тој беше и стручен коментатор за пливање на француската телевизија, а се испроба како актер.
По долго отсуство се враќа на пливањето и како што вели потполно е опуштен бидејќи има освоено речиси се во кариерата. Сега како повратник ќе има дополнителна предност бидејќи сите ќе го сметаат за аутсајдер.


