Уште само 120 минути борба ги делат најдобрите осум од елитното натпреварување до место на Ф4 и веќе ги знаат термините на одлучувачките натпревари.
Датумите и времето на почеток на четвртфиналните дуели се веќе познати и двете рунди носат маратон од возбудлив ракомет. Првите натпревари ги отвараат екипите на ЧСМ Букурешт и Мец, кои својот прв дуел ќе го одиграат во петок на 5 април, додека останатите три натпревари се играат во недела на 7 април еден по друг.
Една седмица подоцна љубителите на ракометот ширум Европа ќе имаат целовечерна забава со женски врвен ракомет, бидејќи сите четири натпревари се играат во сабота на 13 април.
Лига на шампиони за жени, 1/4 финале, први натпревари:
ЧСМ Букурешт – Мец
петок, 5 април, 19:00 часот
Ференцварош – Ростов Дон
недела, 7 април, 14:30 часот
Одензе – Ѓер
недела, 7 април, 16:50 часот
Будуќност – Кристиансанд
недела, 7 април, 19:00 часот
Лига на шампиони за жени, 1/4 финале, реванш натпревари:
Ростов Дон – Ференцварош
сабота, 13 април, 14:00 часот
Ѓер – Одензе
сабота, 13 април, 17:30 часот
Кристиансанд – Будуќност
сабота, 13 април, 18:15 часот
Мец – ЧСМ Букурешт
сабота, 13 април, 20:00 часот


