Кире Лазаров е идол на сите генерации! (ФОТО)

Осминафиналето во најелитното ракометнот натпреварување, Лигата на шампионите започна со дуелот меѓу Рајн Некар Левен и Нант, кој го добија домаќините со 34-32.

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, малку несвојствено за него, постигна само два гола за францускиот тим, но и покрај тоа шансите за место во четвртфиналето се реални.

На трибините во „САП Арена“ во Манхајм поддршка имаше и за Нант, па некои од навивачите имаа интересен транспарент за десниот бек.

„Кире Лазаров – идол на сите генерации“…